
Шефот на Здружената команда на вооружените сили на Украина, генерал-мајор Андриј Гњатов, е сменет од таа позиција со декрет потпишан од претседаелот Володимир Зеленски во средата. Причината за промената не е наведена.
Украинскиот претседател го унапреди Гњатов пред еден месец од местото командант на оперативно-стратешката група „Хортиција“ на местото заменик началник на Генералштабот со цел „да ја зајакне координацијата меѓу штабот и фронтот“.
Гњатов е осуден во Русија во отсуство на 28 години затвор за воени злосторства во Донбас.