Skip to main content

Аплаузи од џифонци за Дина Дума и „Скејтбордингот…“, денеска Ханис Багашов ќе го промовира „Кучињата немаат соништа“

Џифони Македонија

Џифонци вчера го започнаа својот работел дел, односно фокусот на работилниците што ги реализираат во повеќе области – фотографија, краток филм, анимација и сл. Денеска продолжуваат средбите со режисери, автори, проекции на филмови.

Од 15 часот ќе започне програмата You(th) Talks. Ќе биде презентирана YMCA, едно од најстарите и најголемите младински движења во светот. Тоа е една од првите граѓански организации чија цел била подобрување на благосостојбата на младите луѓе. Денес, YMCA работи во 119 земји, на 11.220 локации, вклучува 725.483 волонтери и допира до 58 милиони луѓе. Работи на проекти и активности насочени кон развој на младите преку широк спектар младински активности, без оглед на религијата, расата, полот или културата.

Во 16 часот ќе следува средба со режисерот Ханис Багашов кој ќе го промовира неговиот филм „Кучињата немаат соништа“. Филмот учествуваше на последното издание на „Браќа Манаки“, како и на Сараевскиот филмски фестивал.

Во едно оддалечено село, тинејџерите Илире и Бесник ја кријат својата љубов, која е забранета поради стар семеен долг. Кога Бесник го пријавува своето куче на борба за да ги освои парите што им се потребни, еден неочекуван пресврт ја принудува Илире да се соочи со загубата на заедничките соништа што ги имаат.

По разговорите ќе следува серија на кратки анимирани филмови.

фото: Џифони Македонија

Синоќа се случи и омилената интернационална вечер за џифонци, кога претставници на сите шест земји учесници ја претставуваа својата култура преку храна, музика, дружба.

Вчера учесниците на фестивалот имаа можност да се сретнат со режисерката Дина Дума, чиј филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ беше прикажан во рамките на фестивалот.

Дина Дума беше наградена со неколку аплаузи што покажа каков впечаток остави врз публиката. Филмот од 9 октомври ќе биде низ киносалите во Македонија. Таа раскажа за инспирацијата за приказната.

Насловот дојде подоцна, се инспирирав за приказната возејќи се на велосипед покрај кеј и сретнав девојче што возеше скејтборд во традиционални шалвари. Таа сцена ме импресинира и ја мислев долго време. После една годна почнав да ја пишувам приказната, ама таа седеше во мене. После гледав во мојот алманах и се сетив на едно девојче и се сетив дека тоа девојче на 13 години беше бремена и не можев да ја најдам. Некако овие два настана беа како капсула за мене и сфатив дек амора да направам филм. Насловот дојде малку подоцна. Ме натера да размислувам за сите работи кои се смета дека не се за девојчиња или за жени. Сакав да биде симболиката со скејтбордот од кој многу пати паѓате и станувате за да бидете што подобри – рече Дума.

Во попладневните часови на програмата You(th) Talks, средношколците се запознаа и со продуцентката Јована Здравковска, режисерката Оливера Коменаровска, како и Кирил Цеков и Филип Димитриевски, кои ги прикажаа нивните најнови филмови.

Младите прашуваа кои сцени биле најтешки за снимање за Јована во филмот „Во друг живот“, на што таа вели дека тоа се сцените во кои се оди по замрзнати скали, а улицата е неосветлена.
Оливера Коменаровска се претстави со филмот Warmis Sobre Ruedas.

Го сакам Џифони, затоа што љубовта за филмот ми почна токму овде. Со филм се бавам токму поради „Џифони“. Учествував пред седум – осум години, тоа време гледав многу филмови и тоа беше супер кул и со тек на време сакав да правам филмови. Можев да се запишам на Колорадо колеџ и таму учев за филм. Филмот што го видовте беше комбинаија од моите студии, документарец во Боливија заедно со двајца колеги. Го снимавме три недели во Ла Паз, беше многу ладно на надморска висина превисока од која имавме главоболки не можевме да работиме. Едниот корежисер беше Боливиец и најголемиот предизвик беше да се сними документарец. Знаевме дека сакаме да направиме филм за спорт и жени, а нашето училипте ни даде 7000 долари да одиме да го направиме – рече Оливера.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија, Италијанскиот културен инстиут, Џифони Експириенс, Град Скопје, како и општините Карпош, Центар и Кисела Вода.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetSahabet girişmarsbahis güncel girişanında indexpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetpusulabetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomMadridbetMadridbetMadridbetMadridbet GirişHoliganbetHoliganbetHoliganbetholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegelHoliganbetsekabetcasibom