
Вчера во СВР Тетово, Д.А.(43) од Тетово пријавила дека подолг период две малолетни лица со закани барале пари од нејзиниот малолетен син, а на 24.11.2026 на Градскиот плоштад во Тетово, откако одбил да им го даде неговиот електричен тротинет, едно од малолетните лица физички го нападнало.
Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Македонски




