
Лишено од слобода лице од тетовско поради сомнение за силување на дете кое не наполнило 15 години, соопштија денеска од МВР, од каде најавија дека следува соодветна пријава.
Како што соопшти МВР, вчеравечер во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н.(62) од тетовско село.
По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик.
Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонски


