Skip to main content

Се преврти автомобил на Стража

архива

Вчеравечер во 20:20 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на превој „Стража“, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(54) од Кичево, излетало од патот и се превртело.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата 48-годишна сопатничка С.С. од Кичево, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Поврзани вести