Skip to main content

Тешко повредена девојка која со возило излета од пат и се преврти

архива МВР

Девојка е тешко повредена откако со возило излетала од пат и се превртила.

Како што соопшти МВР, вчера околу 08:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.С. од с.Љубодраг, кумановско, излетало од коловозот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Поврзани вести