
Тешко повреден е возачот кој вчера со автомобилот се преврти на автопатот кон Скопје.
Како што соопшти МВР, на 12.10.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 09:00 часот на автопатот Велес-Скопје, во близина на наплатна станица Отовица-Велес, патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ј. (59) од Чашка, удрило во заштитната ограда и се превртело на коловозот. П
о несреќата, возачот З.Ј. е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
„Скопје 1“ објави видео од превртеното возило:

Македонски


