
На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Подмоље – Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 2008“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(59) од Струмица и патничко возило „форд фиеста“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 41-годишната К.Ш.З. од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ш.З. , а со телесни повреди се здобил Ј.М. и неговиот сопатник Р.М.(57) од Струмица, констатирани во Медицински центар Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Македонски


