
Европската комисија денеска соопшти дека одобрила дополнителни 6,1 милијарди евра за воздушна и ракетна одбрана на Украина.
Ова значително финансирање ќе ја поддржи способноста на земјата да ги издржи континуирани руски напади со балистички ракети и беспилотни летала, се наведува во соопштението на ЕК.
Средствата ќе се користат за јавни набавки, вклучително и со учество на компании од ЕУ и за обезбедување ракети „Патриот“.
Одобрената сума е дел од заем од 90 милијарди евра за Украина.
ЕУ од 2022 година обезбеди вкупна поддршка за Украина од 220,2 милијарди евра, вклучително и 3,8 милијарди евра од приходите од замрзнатите руски средства.(МИА)

Македонски

