Skip to main content

Мицкоски: Новиот клинички центар е планиран да биде на платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“

Новиот клинички центар е планиран да биде на платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“. Тоа се двете можниости за кои размислуваме и преговараме. Многу бргу ќе имаме конечно решение, а како сето тоа ќе биде интегрирано, допрва ќе носиме одлука – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

И во врска со ГОБ „8 Септмеври“, нагласи, многу бргу ќе се излезе со детална информација.

Дали ГОБ „8 Септмеври“ ќе биде ваква или таква здравствена установа, дали ќе се поврзе или не, а тука е и ПЕТ-центарот, многу бргу од денеска ќе излеземе со детална информација – напомена премиерот одговорјаќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.

Поврзани вести