Skip to main content

Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се покажал како „крволочно чудовиште“.

Володимир Зеленски, кој најави дека сака да испрати странски воен персонал во Украина, се покажа како крволочно чудовиште, бидејќи откако веќе ги уништи сопствените граѓани сега планира да ги уништува и странците, изјави Захарова за руските медиуми.

Руските медиуми потсетуваат дека Зеленски претходно, на состанокот на групата Рамштајн, зборувал за испраќање странски воен персонал во Украина уште пред крајот на конфликтот.

Тој едноставно ги уништи сопствените граѓани, сега е редот да ги уништи и оние што ги сметаат за негови сојузници. Очигледно самиот се смета за некаков месија, но испадна дека е крволочно чудовиште, рече Захарова.

Поврзани вести