Џеј ди Венс и Уша Венс се запознале како студенти на Правниот факултет Јеил во 2013 година, а се венчале во 2014 година.Имаат три деца: два сина, Еван и Вивек и ќерката Мирабел.
Уша Венс може да се пофали со исклучително богата биографија, дипломирала историја на Универзитетот Јеил и била стипендист на Универзитетот Кембриџ, каде што се стекнала со диплома по рана модерна историја.
Некогаш била службеничка за Брет Кавано, сега судија на Врховниот суд, во Апелацискиот суд на округот Колумбија, а потоа била службеничка кај главниот судија Џон Робертс. Џеј Ди Венс истакна дека се чувствува „понижен“ од нејзиното CV и дека таа има „значително влијание врз неговата кариера“.
Уша Венс му дава неверојатна поддршка на својот сопруг и му дава „ветрот на грб“. Тој истакна дека таа е неговиот „духовен водич од Јеил“ и дека е „моќен женски глас на неговото лево рамо“ кој му дава водство. Венс истакна дека луѓето не сфаќаат колку е брилијантна.
Уша Венс дипломирала на Универзитетот Јеил и магистрирала по филозофија на Универзитетот Кембриџ преку стипендија за Гејтс Кембриџ.
Двајцата се запознале како студенти на Правниот факултет Јеил во 2013 година, кога се приклучиле на група за дискусија за „социјалниот пад во белата Америка“.