Skip to main content

Врховниот суд на САД нема да ги преиспитува одлуките на пониските судови за оружје

Freepik

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави денеска соопшти дека нема да ги преиспитува одлуките на пониските судови во врска со оспорувањето на законитоста на државните ограничувања за јуришни пушки, како и оспорувањето на законитоста на шаржерите со голем капацитет.

Судиите на Врховниот суд одбија две жалби, откако пониските судови ја потврдија забраната во Мериленд за полуавтоматски пушки, како што е AR-15, и една жалба на одлука на судот во Род Ајленд, кој го ограничи поседувањето уреди за полнење муниција кои собираат повеќе од десет куршуми.

Пониските судови ги отфрлија аргументите дека мерките го кршат Вториот амандман на Уставот на САД, односно правото граѓаните „да чуваат и носат оружје“.

Поврзани вести