Skip to main content

Вредноста на европските берзи во рекорден раст поради оптимизмот за трговскиот договор меѓу САД и Кина

Freepik

Вредноста на акциите на европските берзи денеска достигна рекорден еднодневен раст поради ублажувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина.

Индикациите за одмрзнување на трговските односи меѓу двете земји влијаеја на поголема подготвеност за поризично тргување, а индексот „STOXX 600“ на европските берзи денеска се искачи на рекордни 576,37 поени.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД и Кина ќе постигнат договор и оти очекува да се сретне со кинескиот лидер во Јужна Кореја подоцна во текот на неделата, каде што заеднички ќе ја утврдат рамката за трговскиот договор што беше дискутиран изминатиот викенд.

Поврзани вести