Skip to main content

Во Турција приведени 210 лица поради сомнение за вмешаност во активностите на „Исламска држава“

Freepik

Турските власти приведоа 210 лица под сомнение за вмешаност во активностите на терористичката група „Исламска држава“ во последните две недели, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на „Икс“.

Тој информираше дека операциите на властите биле спроведени во 49 провинции, а уапсените се осомничени освен за учество во активностите на „Исламска држава“, и за нејзино финансирање.

Во 2013 година, Турција беше една од првите земји што ја вклучи „Исламска држава“ на својот список на терористички организации. Оттогаш, земјата постојано е цел на напади од групата, при што во најмалку десет самоубиствени напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади загинаа над 300 луѓе, а стотици други се ранети.

Поврзани вести