
Александер Зверев го зададе завршниот удар, а Тимот Европа повторно е освојувач на Лејвер Купот.
Минатата година Тимот на светот славеше во Сан Франциско, но сега приказната беше поинаква и оние кои го претставуваа стариот континент донесоа триумф од 13:5,
Последната победа ја обезбеди Зверев кој го надигра Лернер Тиен со 2-0 во сетови со 7:6 и 6:3. Ова беше втор денешен триумф за Тимот Европа, првиот го обезбедија Флавио Коболи и Јакуб Меншик во игра на двојки, односно ова беше доволно да се затвори соочувањето во Лондон.
Со ова легендарниот Јаник Ноа дојде до првиот пехар како капитен за Тимот Европа.
Извор: Дерби.мк

Македонски


