Skip to main content

Ирски голман одби да игра против Израел

Фото: Freepik

Голманот на ирската фудбалска репрезентација, Гавин Базуну, одби да игра против Израел како бојкот кон оваа земја поради нејзините воени дејствија.

Во Дебрецин, Унгарија, Израел ја пречека Република Ирска во натпревар од Лигата на нации. Голманот Гавин Базуну образложи зошто одлучил да не го игра тој дуел.

Да ја претставувам мојата земја за мене значи сѐ. Имам најдлабока почит кон секој мој соиграч, селекторот, неговиот стручен штаб и ирскиот народ.

„Сепак, донесов одлука која не е лесна. Јас сум човек со силна вера и давам сѐ од себе да бидам личност со карактер и принципи, па затоа чувствувам дека би било погрешно да учествувам во претстојните натпревари против Израел.

Мојата одлука се заснова единствено на моето лично убедување дека убивањето невини луѓе е погрешно.

Важно е да се напомене дека мојот став не е насочен против израелскиот народ или еврејската заедница, туку против ѕверствата во регионот.

Ретки се моментите во животот кога добивате шанса да се заземете за нешто поголемо, а јас цврсто верувам дека ова е еден од нив“, изјави голманот

Извор: МКД.мк

Поврзани вести