
Турскиот министер за правда, Акин Гурлек изјави дека во вооружениот инцидент во Маниса повредени се 11 ученици од кои двајца се тешко повредени.
Тој додаде дека малолетникот кој утрово пукаше пред средното училиште во Маниса е приведен, како и неговите родители и дедо му.
Гурлек наведе дека законската регулатива предвидува дека за постапките на малолетниците одговорно е семејството и поради тоа се приведени и родителите на напаѓачот и неговиот дедо.
Околностите под кои оружјето дошло во посед на детето, условите под кои било складирано оружјето, одговорностите на родителите за грижа и надзор, како и наводите за малтретирање од страна на врсници пред инцидентот, темелно и прецизно се истражуваат. Овој инцидент, што ја загрозува безбедноста на нашите деца, ќе биде енергично гонет во рамките на законот, одговорните ќе бидат прецизно идентификувани и нема да се превиди никаква небрежност, нагласи Гурлек.

Македонски


