
Со средбата со жителите на селото Маврово градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Онер Јакуповски ги почнува директните граѓански средби со жителите во сите населени места, со цел непосредно да се разговара за нивните потреби, проблеми, предлози и приоритети. Најважен е гласот на граѓаните, вели Јакупоски.
Во отворена и конструктивна атмосфера првата средба се одржа со жителите на село Маврово, при што беа разгледани прашањата од значење за локалното население.
На средбата беа идентификувани конкретни проблеми и заеднички беа дефинирани приоритетите за кои е потребно понатамошно постапување.
Во наредниот период, средбите ќе продолжат и во сите останати населени места во општината. Целта е преку директен дијалог со граѓаните да се утврдат реалните потреби на секое населено место и тие да бидат соодветно вклучени во планирањето на идните активности.
Особено важно е што приоритетите и предлозите произлезени од овие средби ќе бидат земени предвид при креирањето на Буџетот на Општина Маврово и Ростуше, со што буџетското планирање ќе се насочи кон проекти и активности од непосредно значење за граѓаните. Неопходен е отворен дијалог, јасно дефинирани приоритети и активно учество на граѓаните во креирањето на идните општински политики.
Продолжуваме да работиме во директна комуникација со граѓаните, затоа што најдобро заедно се утврдуваат потребите и приоритетите на секое населено место, соопшти Општината Маврово и Ростуше.
Извор: МКД.мк

Македонски


