Skip to main content

Во речиси идентичната несреќа како во Кочани, во Доминиканската Република загинаа 225 лица

Четворица повредени, кои беа хоспитализирани по извлекувањето од урнатини на популарен ноќен клуб во Доминиканската Република, починале во текот на ноќта, со што бројот на загинати се искачи на 225.

Властите соопштија дека 189 лица биле спасени живи од урнатините на ноќниот клуб „Џет Сет“ во главниот град Санто Доминго. Повеќе од 200 лица се повредени, а 15 од нив се сѐ уште хоспитализирани, вклучително и петмина во критична состојба.

global news/pozar

Инцидентот се случи рано во вторникот за време на концерт со меренге музика, кога покривот на објектот се урнал. Меѓу присутните имало политичари, спортисти и моден дизајнер.

Здравствените власти денеска соопштија дека телата на сите 225 жртви се предадени на нивните семејства.

Поврзани вести