Skip to main content

Во пукањето во училиште во Шведска загинале околу 10 лица, соопшти полицијата

Полицијата на прес-конференција во 18 часот соопшти дека во нападот во училиштето Oребро во Шведска загинале околу 10 лица.

Не можеме да бидеме попрецизни од тоа. Работиме на идентификување на убиените“, велат тие.

Неколку шведски медиуми јавуваат дека 11 лица загинале, а уште неколкумина се повредени. Претходно беше соопштено дека во Универзитетската болница се згрижени шестмина повредени.

Напаѓачот од претходно не и бил познат на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам.

Веќе нема никаква опасност, соопшти полицијата.

Полицијата не дава информации за возраста на жртвите.

Мотивот за овој страшен настан е непознат, тврди директорот на градската полиција Роберто Еид Форест, но се чини дека не станува збор за тероризам или организиран криминал.

Поврзани вести