Skip to main content

Во Појасот Газа последниве 24 часа се убиени 23 луѓе

Најмалку 23 лица се убиени во појасот Газа во изминатите 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство на палестинската територија под контрола на Хамас.

Бројот на загинати од почетокот на израелската војна против Хамас е 46.899, соопшти Министерството, еден ден пред да стапи во сила договорот за прекин на огнот.

Најмалку 110.725 луѓе се ранети во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година.

Поврзани вести