Skip to main content

Во Азербејџан француски државјанин осуден на 10 години затвор за шпионажа

Суд во Азербејџан денес осуди француски државјанин на десет години затвор откако го прогласи за виновен за шпионажа за Париз, објави руската државна новинска агенција РИА, пренесува БФМТВ.

Баку го обвини Мартин Рајан, кој беше уапсен во декември 2023 година, за собирање класифицирани информации за стратешка соработка со Турција и Пакистан.

Тој, исто така, изјави дека човекот помагал во регрутирање на Азербејџанци кои зборуваат француски јазик за да работат со француските разузнавачки служби.

Рајан се изјасни за виновен по некои од обвиненијата.

Поврзани вести