
Виетнамската војска развива планови за можен вооружен конфликт со Соединетите Американски Држави, дури и кога двете земји ги подобрија односите во последните години, покажува внатрешен воен документ протечен во јавноста, објавува „Тајмс“.
Според извештајот на организацијата за човекови права „Проџект88“, документ на виетнамското Министерство за одбрана од 2024 година насловен како „План за втора инвазија на САД“ покажува дека военото раководство во Ханој сè уште ги смета САД за потенцијална закана за опстанокот на комунистичката власт во земјата.
Иако во моментов постои мал ризик од војна против Виетнам, поради воинствената природа на Соединетите Американски Држави, мора да бидеме внимателни за да ги спречиме Америка и нивните сојузници да „создадат изговор“ за да почнат агресивна војна против нашата земја“, се наведува во извештајот.
Во документот се посочува на потребата од постојана будност околу можноста Соединетите Американски Држави и нивните сојузници „да создадат изговор за да почнат агресивна војна против Виетнам“.

Македонски



