Skip to main content

Турција ќе преземе чекори кон нормализирање на односите со Ерменија следната година

Facebook / Recep Tayyip Erdoğan

Турзскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, порача дека Турција ќе преземе чекори кон нормализирање на односите со Ерменија следната година.

Турскиот лидер истакна дека официјална Анкара го унапредува процесот на нормализирање на односите со Ерменија во координација и дијалог со Азербејџан.

Регионот на Јужниот Кавказ доживува историски момент, а Баку и Ереван се поблиску од кога било до потпишување на мировен договор. Паралелно со овој процес, ние ги унапредуваме и нашите чекори кон нормализирање на односите со Ерменија, одржувајќи постојан дијалог со Азербејџан. Со Божја помош, ќе бидат преземени некои симболични чекори уште на почетокот на следната година“, нагласи Ердоган.

Поврзани вести