Skip to main content

Турција испраќа шест борбени авиони во Северен Кипар

Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 во таканаречената Турска Република Северен Кипар (ТРСК), самопрогласена држава признаена само од Анкара.

Се очекува борбените авиони Ф-16 да слетаат на аеродромот Ерџан на северот од островот, објави денес турската НТВ. Во зградата на аеродромот се во тек подготовки за сместување на персоналот што ќе биде стациониран таму.

Ашкин Мешели, вршител на должноста директор на oдделот за цивилно воздухопловство на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), објави дека Турција утрово ќе испрати шест борбени авиони Ф-16 во ТРСК.

Поврзани вести