
Турција денеска официјално го укина бродскиот сообраќај со Израел.
Денеска стапува во сила забраната за влез во турските пристаништа за сите бродови кои пловат под знамето на Израел, како и на бродовите кои се во сопственост на израелски државјани.
Во исто време, турските власти им забрануваат на сите бродови што пловат под турско знаме да патуваат и да не транспортираат стоки во Израел. Исто така сопствениците на бродови треба да потпишат изјава дека нивните активности не се поврзани со Израел.