Франција им се закани на САД со одмазднички тарифи, доколку стапат на сила царините што ги најави американскит претедател, Доналд Трамп.
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, порача дека официјале Париз ќе побара од Европската комисија „веднаш да воведе царини за американските стоки како одговор на новите ограничувања на Трамп“.
Трамп го направи ова во 2018 година и ние одговоривме, па така, и овој пат повторно ќе одговориме“, ијави Баро, потсетувајќи на трговската војна за време на првиот мандат на Трамп.
Претседателот на САД најави воведување царини од 25% за челик и алуминиум за Канада, Мексико, Кина и земјите од ЕУ ден претходно.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, ги предупреди САД на можноста од трговска војна со ЕУ, велејќи дека тоа „може да и наштети“ на американската економија.