
Поетесата и писателка Наташа Сарџоска гостуваше во Црна Гора, на поетскиот фестивал „Поетски вечери посветени на Ратко Ратковиќ“ кој се одржа во своето 56-то издание во Бијело Поле, каде што таа настапи заедно со поети и автори од Луксембург, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Сарџоска се претстави со свои стихови на македонски јазик, како и во хрватски превод, а во рамките на фестивалската програма одржа и работилница за креативно пишување за учениците од основното училиште во Бијело Поле. Таа учествуваше и на дебата и книжевен разговор, во рамките на својот книжевен портрет, со професорката по книжевност од Универзитетот во Никшиќ, Тамара Лабудиќ.

Македонски

