
Стара граната била пронајдена во река во близина на селото Негорци, гевгелиско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во Полициската станица Гевгелија на 10 септември во 18:20 часот било пријавено дека во реката, кај местото викано „Кајнак“, била пронајдена стара граната.
За случајот била известена Дирекцијата за заштита и спасување, чии екипи треба да ја подигнат гранатата.

Македонски

