Skip to main content

Трамп: Светата земја конечно е во мир

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа говор во Кнесетот за што рече дека тоа е „голема чест“.

Трамп нагласи дека овој ден е ден за благодарност кон „семоќниот Бог на Аврам, Исак и Јаков“.

Денеска небото е мирно, пушките молчат, сирените се тивки, и сонцето изгрева над Светата земја која конечно е во мир, рече Трамп, откако ја пофали храброста на 20-те живи заложници кои денеска се вратија кај своите семејства.

Тој изрази надеж дека „регионот засекогаш ќе живее во мир“.

Ова не е само крај на војната, рече тој, „туку и крај на едно доба на терор и смрт, и почеток на доба на вера, надеж и Бог.“

Ова е почеток на ера на хармонија за Израел и земјите од регионот. Ова е историската зора на новиот Блиски Исток, рече Трамп.

Американскиот претседател ја пофали „големата храброст и патриотизам“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху велејќи дека „неговото партнерство многу придонесе за да биде можен овој ден.“

Тој го замоли Нетанјаху да стане, додека присутните аплаудираа.

И да знаете, не е лесен човек, морам да ви кажам. Не е најлесен за соработка. Но токму тоа го прави голем … Ти благодарам многу, Биби. Одлична работа, рече Трамп.

Тој им се заблагодари на арапските и муслиманските земји кои извршиле притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците што ги држеше, нарекувајќи го тоа „неверојатен триумф за Израел – што сите овие нации работат заедно како партнери во мирот“.

Ова ќе се запамети како моментот кога сè почна да се менува. Ова ќе биде златното доба на Израел и златното доба на Блискиот Исток, рече американскиот претседател.

Поврзани вести