Премиерот на Канада, Џастин Трудо вчера се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на неговиот имот во Флорида.

Средбата уследи неколку дена откако Трамп најави воведување царини за Канада поради проблеми на границата.

Трамп на 25 ноември се закани дека ќе воведе 25 проценти царина на увозот од Канада и Мексико ако Отава и Мексико Сити не ја засилат борбата против шверцот на дрога, посебно фенталинот и не ги запрат мигрантите кои влегуваат во САД.

Трудо претходно одржа состанок со премиерите на сите десет канадски покраини, со кои разговараше за односите со САД.

Канада е четврти најголем производител на нафта во светот и шести најголем производител на гас во светот. Огромното мнозинство енергетски производи се извезуваат во САД, а Трамп не прави исклучок за нив во својот план за воведување на царини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.