Skip to main content

Трамп: Сакам наскоро да се сретнам со Путин и да ја прекинам војната меѓу Русија и Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака наскоро да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да ја запре војната меѓу Русија и Украина.

Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос преку видео врска, тој рече дека сака да работи и на намалување на нуклеарното оружје, додавајќи дека верува дека Русија и Кина би можеле да поддржат намалување на сопствените капацитети за оружје, објави Ројтерс.

Трамп рече дека ги гледа односите меѓу САД и Кина како многу добри и се надева дека Кина може да помогне да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.

„Тие имаат голема моќ над таа ситуација. Се надеваме дека можеме да работиме заедно и да ја запреме“, рече тој.

Трамп, исто така, изјави дека на САД не им се потребни канадска нафта, гас, автомобили или граѓа и го повтори својот предлог Канада да стане 51-та американска држава.

„Ќе бараме почит од другите народи… Со Канада беше многу тешко да се работи низ годините“, нагласи американскиот претседател, пренесува Танјуг.

Светскиот економски форум во Давос се одржува од 20 до 24 јануари под слоганот „Соработка за интелигентнa доба“.

Поврзани вести