Skip to main content

Трамп предлага забрана за увоз на кинеско масло за готвење

Американскиот претседател, Доналд Трамп предложи САД да престанат да увезуваат кинеско масло за готвење како одговор на трговските тензии со Пекинг.

Во објава на платформата Трут Соушл, Трамп рече дека САД можат „лесно“ да произведуваат сопствено масло и нема потреба да го купуваат од Кина.

Тој го обвини Пекинг дека намерно одбива да купува американска соја, со што им создава проблеми на американските земјоделци.

Кина одамна престана да купува американска соја, што претставува голем удар за земјоделскиот сектор. Истовремено, САД ги ограничија кинеските компании во пристапот до напредни компјутерски чипови неопходни за развој на вештачка интелигенција.

Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг треба да се сретнат на самитот на АПЕК во Јужна Кореја кон крајот на октомври. Американскиот министер за финансии Скот Бесент потврди дека средбата останува на агендата, иако Трамп претходно изрази сомнеж дека ќе се одржи.

Поврзани вести