
Европските берзи денеска забележаа значителен пад откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 50 проценти за производите од Европска Унија, обвинувајќи го Брисел за нефер трговски практики и застој во преговорите.
Препорачувам воведување директна царина од 50 проценти за Европска Унија, објави својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).
Тој додаде дека новите правила би можеле да стапат во сила од 1 јуни.
Паневропскиот индекс „Стокс Јуроп 600“ (Stoxx Europe 600) забележа пад од 1,9 отсто, германскиот ДАКС (DAX) се намали за 2,3 проценти, а францускиот индекс КАК 40 (CAC 40) регистира пад од 2,8 отсто. Додека лондонскиот индекс ФТСЕ 100 (FTSE 100) се намали за 1,3 проценти.
Европска комисија одби да ја коментира најавата на Трамп за воведување на царина од 50 отсто за стоките од ЕУ. ЕК најави дека денеска европскиот комесар за трговија Марош Шефчович телефонски ќе разговара со американскиот секретар за трговија Џејмисон Грир.
Трамп најави царина од 25 отсто и за „Епл“ (Apple) ако АјФоните (iPhone) не ги произведува во САД.
Одамна го информирав Тим Кук од Епл дека очекувам АјФоните што се продаваат во САД треба да бидат произведени во САД, а не во Индија или каде било на друго место. Ако тоа не е случај, Епл ќе мора да плати царина од најмалку 25 отсто, објави Трамп на „Трут соушл“.