Skip to main content

Трамп најави голема објава пред неговата блискоисточна турнеја

Фото: Facebook/Donald J. Trump

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе објави „многу, многу голема вест“ пред неговото патување на Блискиот Исток следната недела, но одби да открие детали.

– Мислам дека ќе имаме голема вест пред патувањето. Не можам да ви кажам што е. Но е многу позитивна, рече Трамп во Белата куќа, веднаш откако го спомена патувањето во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати од 13 до 16 мај.

Тој додаде дека станува збор за едно од најзначајните објави во последниве години „за многу важна тема“, без да прецизира дали е поврзано со трговијата. Според американските медиуми, се очекува објавата да има поврзаност со Блискиот Исток.

Ова патување би било првото официјално патување на Трамп во странство по враќањето на власт во јануари, ако не се смета кратката посета на Рим за погребот на папата Франциск.

Трамп повеќепати ја нагласуваше важноста на економските односи со земјите од Заливот, каде неговото семејство има и приватни бизнис интереси. Тој, исто така, се залага за нормализирање на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел.

Поврзани вести