Skip to main content

Трамп ја запре воената помош од 400 милиони долари за Тајван

Facebook / Donald J. Trump

Американскиот претседател Доналд Трамп одбил да одобри пакет воена помош вреден повеќе од 400 милиони долари за кинескиот регион Тајван во обид да постигне трговски договор со Пекинг, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани американски претставници.

-Претседателот Доналд Трамп одби да одобри повеќе од 400 милиони долари воена помош за Тајван ова лето, додека се обидува да преговара за трговски договор и потенцијален самит со кинескиот претседател Си Џинпинг, според пет лица запознаени со ситуацијата, објави американскиот весник.

Одлуката, која се уште може да се поништи, означува промена во политиката на САД кон островот, кој Кина го смета за своја територија, велат изворите.

Белата куќа во допис до „Вашингтон пост“ наведува дека конечната одлука сè уште не е донесена.

Поврзани вести