Skip to main content

Трамп бара итно отворање на стратешкиот пловен пат во Ормуска Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран дека не го исполнил ветувањето за отворање на Ормуска Теснина и преку својата мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) порача дека Техеран ги крши меѓународните закони и ја загрозува глобалната безбедност.

Иран вети дека ќе ја отвори Ормуска Теснина и свесно не го стори тоа, предизвикувајќи вознемиреност и страдање кај многу народи низ светот. Тие тврдат дека поставиле мини во морето, иако речиси целата нивна морнарица е уништена. Мора веднаш и брзо да започне процесот на отворање на тој меѓународен пловен пат“, напиша Трамп.

Тој додаде дека е целосно информиран од потпретседателот Џеј Ди Венс и од специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер за 20-часовниот состанок со иранските претставници одржан во Исламабад. Трамп истакна дека иако неговите претставници развиле коректен однос со иранските преговарачи Мохамад Багер Галибаф, Абас Арагчи и Али Багери, тие останале непопустливи за најважната тема.

„Важно е само едно – Иран не сака да се откаже од своите нуклеарни амбиции. Како што зборувам со години – Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“, дециден е американскиот претседател, кој упати и благодарност до пакистанското раководство за медијацијата.

МИА

Поврзани вести