Skip to main content

Суша во Истанбул: во јули само еден дождовен ден, браните под 50 отсто од капацитетите

Фото: Freepik

Во јули, во Истанбул е забележан само еден дождовен ден – што е за 71 проценти помалку врнежи во споредба со истиот месец минатата година, а поради сушата нивото на браните што го снабдуваат градот со вода падна под 50 проценти, јави ТРТ Хабер.

Според извештај на турското Министерство за животна средина, урбанизам и климатски промени, регионот околу Мраморното Море, каде што се наоѓа Истанбул, во јули го имал најсушниот месец во последните 65 години, со пад на врнежите од 95 проценти во однос на просекот. Иако во поголемиот дел од земјата врнежите се намалени за 40 до 80 проценти, во окрузите Караман и Мерсин во Централна Турција и Тунџели во источниот дел е забележано зголемување од над 100 проценти.

Во Мраморниот регион, нивото на водата во речиси сите брани што го снабдуваат Истанбул е под 50 проценти, освен во браните Елмали (66,1%), Дарлик (59,65%) и Теркош (53,01%). Просечното ниво на водата во браните околу градот изнесува 48,3%, а најниски вредности има во Истранџалар (28,05%) и Алибеј (31,53%). 

Поврзани вести