Skip to main content

Студен арктички бран во Вашингтон на денот на инаугурацијата на Трамп

Студен арктички бран со температури под нулата се очекува да зафати поголем дел од САД од утре до следната недела, што ќе погоди милиони Американци, а ги смени и плановите околу инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Национална метеоролошка служба соопшти дека во Вашингтон на денот на инаугурацијата се предвидува екстремен студ, при што температурите ќе се спуштат и до -11 степени Целзиусови, што заедно со ветрот ќе се чувствува како уште постудено време. Поради лошите временски услови и поларниот суд, инаугурацијата на Трамп наместо на отворено пред Капитол, ќе се одржи во затворен простор.

Најстуденото време во оваа зимска сезона, кое ќе се движи од запад кон исток, е резултат на феноменот познат како поларен вител што ќе предизвика значително опаѓање на температурите низ САД.

Ниските температури со себе носат „опасни по живот“ ризици од хипотермија и смрзнатини, предупредува Националната метеоролошка служба.

Меторолози од AccuWeather, пак, прогнозираат дека дури и делови од западниот брег на Гренланд во наредните денови ќе бидат потопли од Тексас.

Поврзани вести