Skip to main content

Стејт департментот: Разговорите со руските претставници во Саудиска Арабија треба да утврдат што може да се направи за да се запре војната

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Тами Брус, изјави дека претстојните разговори меѓу руски и американски претставници во Саудиска Арабија треба да утврдат што може да се направи за да се стави крај на војната во Украина.

Брус пред новинарите во Ријад изјави дека состанокот, на кој од американска страна ќе учествуват американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц и пратеникот за Блискиот Исток, Стив Виткоф, е чекор за да се утврди дали Русите се сериозни во врска со мировните преговори.

Ова е продолжение на првичниот разговор меѓу (рускиот претседател Владимир) Путин и (американскиот претседател Доналд) Трамп за тоа дали овој чекор е воопшто можен, кои се интересите и дали со тоа може да се управува“, рече Брус. 

Поврзани вести