Skip to main content

Српскиот доброволец во руската војска, Марко Матовиќ, загинал во борбите во Курск

Во борбите во руската облас Курск загинал српскиот доброволец Марко Матовиќ од Земун. Матовиќ, поранешен член на Падобранската бригада на српската војска, животот го загубил на 38-годишна возраст.

Матовиќ бил дел од руската војска од декември 2022 година. Тој е повеќекратно ранет и одликуван како редовен припадник на руските вооружени сили во рамки на 106-та дивизија, 119-ти полк на руските воздухопловни сили (ВДВ).
Позивен знак му бил „Мат“.

    Како член на специјален одред за итна евакуација на ранетите од линијата на фронтот, при извлекување на тешко ранет руски војник, Матовиќ бил погоден со проектил од дрон.

    Според информациите од српски медиуми погребот на српскиот доброволец е одржан на 10 февруари, на гробиштата во Батајница.