
Се следат уште неколку случаи на сомнежи за корупција во институциите, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски, по последниот случај во кој беше фатен заменик директор од Царина. Мицкоски ги повика граѓаните да пријавуваат доколку од нив се бара мито.
Следиме уште неколку случаи на корупција во институциите и чекаме и тоа, да го земат тоа што го побарале од граѓаните. Ги повикувам граѓаните да пријавуваат! Има пријави на неколку случаи во институции, рече Мицкоски.
Тој не откри за кои институции станува збор, колку лица се опфатени со пријавите.

Македонски

