Skip to main content

Битола им оддаде почит на Стив Наумов и Мите Богоевски – 84 години од загинувањето на народните херои

По повод годишнината од смртта на народниот херој Стив Наумов, делегации од Битола денеска положија цвеќе и се поклонија пред неговиот споменик на Широк Сокак.

Во име на Општина Битола свежо цвеќе положи заменик градоначалничката на Битола, Марина Крстиќ. Свежо цвеќе положија и претставници на Советот на Општина Битола, Сојузот на борци од Битола, претставници на политички партии, семејството и роднини, здруженија, граѓани, како директорот и ученици од ОУ „Стив Наумов“.

Песна за херојот Стив Наумов исполни хорот на ОУ „Стив Наумов“ од Битола.

На денешен ден, 1942 година, во месноста Долец, во Болнската Планина во нерамномерна борба против бугарската војска и полиција не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот, сами си го одзедоа животот Стефан Наумов-Стив и Димитар Богоевски-Мите, народни херои на Македонија. Стефан Наумов е роден во Битола на 27 октомври 1920 година. Димитар Богоевски-Мите е роден во селото Болно, Ресенско, на 31 октомври 1919 година.