Skip to main content

72-годишник удри во велосипедистка

Freepik

Велосипедистка е тешко повредена во несреќата што се случила вчера во Прилеп, кога во неа налетало возило.

Како што соопшти МВР, вчера во 08.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул. „Мирче Ацев“ со ул. „Трајко Тарцан“ во Прилеп се случила  сообраќајна несреќа во која патничко возило „пежо” со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Т.(72) од Прилеп удрило во велосипедист К.Д.(51) од Прилеп.

По несреќата велосипедистката била пренесена во Градска болница Прилеп каде од страна на доктор констатирани и биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Поврзани вести