Skip to main content

Еди Рама: Косово триумфираше, ќе триумфира и Хашим Тачи

Фото: Принтскрин од видео

Албанскиот премиер Еди Рама објави порака за поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на денот кога во Приштина се одржува „Маршот за слобода“.

Тој порача дека Косово триумфирало верувајќи во слободата кога немало ништо друго освен жед за неа и дека очекува на ист начин да триумфира и Хашим Тачи.

Рама на Фејсбук напиша „Слобода за ослободителите“, објавувајќи и видеоснимка од четворицата поранешни лидери на ОВК.

„Фарсата е во своите последни денови и човек од нејзините автори може да очекува сè, но, како што рече самиот Хашим, слободата никој не може да му ја одземе, никаде. И како што Косово триумфираше верувајќи во слободата, дури и кога немаше никого и ништо освен сопствената жед за слобода, така ќе триумфира и Хашим Тачи, со силата на својата вистина, која годините поминати во затвор само ја направија поголема, заедно со поддршката на целиот албански народ“, порача Рама.

Во Приштина денеска се одржува „Марш за слобода“ во знак на поддршка на четворицата поранешни високи претставници на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Маршот се одржува неколку дена пред Специјализираните совети во Хаг да ја изречат пресудата во процесот против нив.

Извор: МКД.мк

Поврзани вести