Skip to main content

Според Трамп никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од него

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од него, тврдејќи дека тој спречил повеќе големи војни низ целиот свет.

„Без разлика дали луѓето го сакаат Трамп или не, јас решив осум војни. Големи. Некои траеја 36 години, 32 години, 31 година, 28 години и 25 години. Некои штотуку започнаа, како Индија и Пакистан. Осум авиони веќе се соборени. И јас го решив тоа многу брзо, без нуклеарно оружје“, рече Трамп.

Трамп вели дека никој друг не ги запрел војните, освен тој

„Не можам да се сетам на никого во историјата кој требало да ја освои Нобеловата награда повеќе од мене. Не сакам да се фалам, но никој друг не ги запрел војните“, додаде тој.

Трамп продолжи да го критикува поранешниот американски претседател Барак Обама, кој ја освои Нобеловата награда во 2009 година.

„Обама ја освои Нобеловата награда. Немаше поим зошто. Сè уште нема поим. Се шета наоколу велејќи, јас ја освоив Нобеловата награда. Зошто ја доби?“ Ја доби речиси веднаш откако ја презеде функцијата. Не направи ништо и беше лош претседател“, рече Трамп.

Поврзани вести