
Припадници на нарко-картел во Колумбија собориле полициски хеликоптер употребувајќи беспилотни летала (ФПВ). Хеликоптерот бил соборен додека бил во мисија да уништи плантажа со кока.
Најмалку три (неофицијални информации велат до осум) припадници на колумбиската полиција загинале во инцидентот.
Припадниците на нарко-картелите и порано користеле беспилотни летала, но за извидување или транспорт на товар преку границата. Сепак, сега тие ги претвориле дроновитево оружје за директен удар.

Според медиумските извештаи, само минатата година во Колумбија се регистрирани 115 напади со беспилотни летала, а од април 2024 година бројката веќе изнесува 301 напад.
Според медиумските коментари, се поголемиот број напади со дронови се должи на тоа што илјадници колумбиски платеници се борат во Украина во последниве години. Тие на фронтот стекнуваат напредно искуство во управувањето со беспилотни летала, па тие научени вештини ги применуваат на домашен терен работејќи за картелите.