
Мисата одржана денеска попладнето во базиликата „Свети Петар“ го означи крајот на деветдневната жалост за смртта на папата Франциск.
Периодот на жалост почна во саботата, 26 април, на денот на неговиот погреб. На него присуствуваа низа шефови на држави кои дојдоа да му одадат чест на папата по потекло од Аргентина, кој на 21 април почина во 89-тата година од последици на мозочен удар.
За време на периодот на жалост, секој ден се одржуваа верски обреди во базиликата „Свети Петар“.
Во текот на денешната беседа, францускиот кардинал Доминик Мамберти го пофали „интензивниот пастирски живот и безбројните средби“ на папата Франциск кои „беа заснован и на долги моменти молитва“.
Токму тој кардинал, кој има титула на протоѓакон, ќе изговори на латински јазик „Habemus papam!, односно „Имаме папа!“ кога наследникот на Франциск ќе биде избран на конклавата на кардиналите од цел свет која почнува во среда.