
Идниот унгарски премиер најави контроверзно кадровско решение, предизвикувајќи остри реакции во јавноста и опозицијата. Петер Маѓар соопшти дека за министер за правда ќе го предложи својот зет, Мартон Мелетеи Барна, и покрај критиките за непотизам.
Маѓар ја брани одлуката, потенцирајќи дека неговиот кандидат има богата правна кариера и значајно искуство, како и дека е дел од неговото политичко движење од самиот почеток. Во исто време, објави дека неговата сестра, Ана Илона Маѓар, ќе биде суспендирана од судиската функција, обидувајќи се да избегне конфликт на интереси.
Во видео обраќање, Маѓар истакна дека приоритетите на идната влада ќе бидат враќање на европските фондови, економски развој и подобрување на јавните услуги, како и справување со последиците од претходните политички периоди и зајакнување на правдата.
Мелетеи Барна, кој е адвокат и универзитетски колега на Маѓар, е меѓу основачите на неговата партија Тиса и веќе имал значајни улоги во нејзиното функционирање. Заедно со него, како кандидат за министер за внатрешни работи е предложен и Габор Посфаи.
И покрај бурните реакции, Маѓар засега не најавува повлекување од ова кадровско решение.

Македонски


